Кочан во Македонија - Измерени -12 степени, едно од најстудените утра
Најстудено утрово е на Попова Шапка со - 12 степени, -9 е во Маврови Анови, -8 во Крушево, -6 во Берово, -5 во Крива Паланка, -4 во Прилеп, -3 во Штип и Виница, -2 во Тетово, Охрид и Битола, -1 во Скопје, 0 во Велес, Кавадарци, Струмица, а над нулата е само во Демир Капија со 1 и во Гевгелија 2 степена, соопшти УХМР.
Снежната покривка на Попова Шапка е 32 сантиметри, а во Маврови Анови седум.
Врмето денеска наутро променливо облачно, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западниот дел. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, наместа долж Повардарието со брзина над 60 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени.
Во Скопје наутро претежно облачно, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, во делови од котлината и особено на повисоко повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа