Стојаноски: Потребно е да донесме соодветен Закон за локална самоуправа
Вечерва во Домот на културата во Ѓорче Петров одржавме граѓанска трибина.
Заедно со Министерот за локална самоуправа, Златко Перински , заменик министерот Ерџан Селими и Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски се обративме пред присутните.
Разменивме идеи, сугестии и мислења кои се во насока на подобрување на животот во нашата општина. Потребно е да донесме соодветен Закон за локална самоуправа кои ќе биде гарант за модерен и достоинствен живот на сите граѓани.
Ги слушнавме размислувањата и проблемите на нашите сограѓани. Овие предлози ќе влијаат во голем дел на носење на соодветно законско решение.
Продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните.
Каде што срцето е дома!, пишува на Фејсбук Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа