Коцевски: Коренот на трагедијата е непочитување на законот
Во интервју за белградска „Политика“, Коцевски вели дека предолго се толерираше непочитувањето на законот, сега сите бараат правда и правдата мора да биде задоволена.
– Доказите кои секој ден ги собираме укажуваат на тоа дека коренот всушност е една општа ерозија на системот, култура на непочитување на законот и правилата, но и длабока системска корупција. Обвинителството, за жал, не е орган на превенција, туку на репресија. Дали и како може да се спречеше ваков епилог? Би рекол, можеби. Но, сега е на нас да се соочиме со последиците, да ги казниме одговорните за оваа катастрофа и да спречиме да се повтори ваква трагедија, истакнува Коцевски.
Според него, заедничко за трагичните настани со кои се соочивме изминатите години е тоа што покрај директната причина за катастрофата, често постои и дополнителен причинител во вид на непочитување на законот и системска корупција, што, како што вели, значително ги зголемува катастрофалните последици.
– Но, она што е во овој случај многу болно е тоа што последиците се разочарувачки. Кочани е мал град на истокот на земјата. Во оваа трагедија, во само една ноќ, изгубивме скоро целата генерација млади луѓе од тоа мало место и од социолошки аспект би рекол дека ова е колективна трагедија која нашиот народ тешко ја поднесува, вели републичкиот обвинител.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа