Побаран 30 дневен притвор за Крешник Бектеши

 


Обвинителството побара 30 дневен притвор за екс министерот за економија Крешник Бектеши како и за трите други раководни лица од министерството за економија, дознаваме од извори во истрагата.

Меѓу оние за кои е побарана мерката е и екс државната секретарка Размена Цекиќ и раководителот Беким Хаџиу.

Тие се први четири лица за кои се отвора истрага и се бара притвор пд 30 дена од поголемата група од над 20 осомничени.

Претходно ваква мерка беше побарана само за 7мина полициски службеници осомничени за случајот.

Вечерва во судот се донесени и тројца екс градоначалници на Кочани.

20.03.2025 - 22:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега