Кавадарчанка нападната на фудбалско игралиште

 

Кавадарчанка пријавила физички напад од сограѓанка на фудбалско игралиште, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. 

- Вчера во 15:54 часот во ОВР Кавадарци, Б.Ш.(19) од Кавадарци пријавила дека на фудбалското игралиште во село Ваташа, кавадаречко, била физички нападната од 29-годишната Н.П. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР Велес. 

30.03.2025 - 11:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега