Ако го направите овој прекршок спремете 2.400 денари - Полицијата не простува
Македонската полиција секојдневно спроведува засилени контроли на улиците и ги лови возачите кои не ги почитуваат правилата.
Иако казните се големи, секојдневно се фаќаат возачи кои возат без дозвола, под дејство на алкохол, кои поминуваат на црвено светло на семафорот, не носат појас, зборуваат на мобилен, паркираат каде сакаат или возат со брзина поголема од дозволената. За жал и полициските билтени секојдневно се полнат со вести за прегазени пешаци низ Македонија.
Употребата на мобилен телефон додека возачот управува моторно возило, станува причина број еден за одвлекување на вниманието кај возачите. Истражувањата направени од реномирани меѓународни организации покажуваат дека одвлеченото внимание на возачот е причина за 20 до 25% од сите сообраќајни незгоди.
Употребата на мобилен телефон додека возачот управува моторно возило е спротивно на одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и според истиот закон оваа појава се санкционира со 40 евра во денарска противвредност.
Тоа значи дека треба да спремите 2.460 денари за овој прекршок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа