Кампањата на Веро „Заокружи сметка“ собра 419.526 денари за СОС Детско село

 


Веро и клиентите собраа 419.526 МКД за СОС Детско село преку кампањата „Заокружи сметка“, одбележувајќи ја четвртата година по ред од оваа хуманитарна иницијатива.

Во текот на декември, под слоганот „За секое дете да има весели празници“, Веро ги охрабруваше клиентите да ги заокружат износите на своите сметки, односно на тој начин разликата да ја донираат, потврдувајќи ја својата посветеност на корпоративната општествена одговорност и промовирајќи индивидуално дарување.

Милана Петковски, маркетинг директор на Веро, официјално го врачи чекот за донација, наведувајќи: „Иницијативата е доказ дека сме општество кое сака да донира, ги препознаваме вистинските вредности и им благодариме на сите потрошувачи кои станаа дел од оваа иницијатива“.

Претставниците на СОС Детско село изразија благодарност, нагласувајќи го значењето на тековната поддршка од заедницата: „Само заедно, сплотени, можеме да направиме разлика и да создадеме посветла иднина за децата без родителска грижа или оние кои се во ризик да ја изгубат. И токму заради тоа сме бескрајно благодарни на граѓаните кои донираа, на нашиот стратешки партнер Веро, но и нашите „амбасадори“, касиерките и касиерите кои овозможија нашата порака да стигне што подалеку. Донацијата ќе биде наменета за реализација на активности за поддршка на семејства со предизвици во родителството како лиценцирани обуки, тренинзи и советувања во рамките на нашата програма за превенција на одвојување на децата од биолошкото семејство.“

Веро продолжува да ја демонстрира својата улога како општествено одговорна компанија, обезбедувајќи секое дете да има можност за подобра иднина.

19.02.2025 - 13:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега