Извлечени 30 тела од река по судирот на авион и хеликоптер во САД - досега нема преживеани
Најмалку 30 тела се извлечени од реката Потомак во близина на Вашингтон, откако авион се урна во воен хеликоптер, објави NBC News, повикувајќи се на локални телевизиски станици.
Нуркачите пронајдоа и една од двете црни кутии на авионот. Хеликоптерот е свртен наопаку, но се чини дека е главно недопрен.
Несреќата се случила синоќа кога авион со 64 лица се судрил со воен хеликоптер Блек Хок со тројца војници и паднал во реката Потомак при обид да слета на националниот аеродром Вашингтон Роналд Реган во близина на Вашингтон.
Официјален претставник за Си-Би-Ес изјави дека досега не се пронајдени преживеани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа