Иселеници од дебарско се загинатите во сообраќајка во Италија

 

Во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила во Италија, животот го загубиле двајца иселеници од Дебарско.

Станува збор за Бајрам Бајрамоски (53) од село Жировница, општина Маврово и Ростуше, кој според неговите соселани од Жировница, во Италија бил над две децении. Оженет и татко на две деца.

Втората жртва е Фуат Етемовски (65) од дебарското село Џепиште, кои исто така со семејството долги години живеел во Италија.

Според полицијата несреќата се случила во близина на Боскалто ди Лореџија кога од работа се враќале во нивниот дом во областа Тревизо.

Возилото, камионче во кое се наоѓале директно се судрило со тешко товарно возило, камион. Двајцата починале на самото место а третото лице кое било со нив, босански државјанин бил тешко повреден.

26.03.2025 - 22:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега