Интензивна потрага по исчезнатиот во несреќата кај Рашче: Се трага и со дронови
Се трага по лице на возраст од 59 години. Од полицијата ги објавија и идентитетите на загинатите во несреќата – три женски лица – Н.А. (23), В.А. (25) и З.А. (59), од село Грчец
Два дрона се вклучени во потрагата на лицето што учествуваше во вчерашната сообраќајна несреќа кај село Рашче кога автомобил излета од патот и падна во Вардар. По него, како што информираат од Министерството за внатешни работи (МВР), физички трагаат и екипи на СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции.
-Се трага по А.А. (56) од с.Грчец, скопско, кој според исказ на роднини, бил во возилото пред да излета од патот,
информираат од МВР.
Од полицијата ги објавија и идентитетите на загинатите во несреќата – три женски лица – Н.А. (23), В.А. (25) и З.А. (59), сите од село Грчец. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
-По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција. Во несреќата со телесни повреди се здобило четиригодишно дете-сопатник, констатирани во Градската општа болница ‘8 Септември’, велат од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа