Хорор во скопско: Маж ја претепал поранешната и нејзините 3 деца
На 12.03.2025 во 12.00 часот во населба на подрачјето на општина Петровец, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.С.(37) од скопско село.
Полицијата постапила по претходна пријава дека околу 04.00 часот физички ја нападнал неговата 43-годишна поранешна партнерка, оштетил мобилен телефон, ги туркал нејзините три малолетни ќерки и со тврд предмет ја оштетил влезната врата од нивниот дом.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
13.03.2025 - 22:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа