Грипот зема замав во Македонија: 10 деца на Интензивна, 2 на кислород

 

Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле има зголемен број на амбулантски прегледи и хоспитализации.

Како што пренесува Телма, на Клиниката се хоспитализирани 10 пациенти на интензивна нега, а две деца се ставени на кислородна поддршка. 

Изминатата недела се регистрирани 1.412 случаи на заболени од грип, што е за над 34 отсто повеќе во споредба со претходната година.

- Секоја година се зголемува бројот на заболени од грип до средината на февруари, кога се очекува пикот. Со години тоа е така. Пикот е во втората половина на февруари. Ќе растат бројките уште, но, споредено со минатите години, нема никаква разлика во однос на тоа како е сега. Дури ако споредиме со лани, оваа година состојбата со заболени лица од грип е нешто подобра. Тоа што бројот на заболени ќе расте, не зависи само од училиштата, таква е динамиката на раст на бројот на заболени од грип, изјави деновиве за МИА, портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ.

 

24.01.2025 - 10:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега