Гранати и ТНТ: Голем плен за полицијата во Арачиново каде се копаше и со багер
14 гранати со калибар 40 милиметри и две калапчиња од 200 грама ТНТ е дел од уловот на Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност во претресите во скопско Арачиново во акцијата против нарко-кланот Беланоца/Барон.
Фотографиите се направени на една од локациите каде истражните органи копаа и со багери во потрага по оружје.
Во акцијата опфатени се 18 лица, добар дел од нив во бегство. Се сомничат за убиства, рекет и друг потежок криминал. Надлежните органи соопштија дека во акцијата расветлени се седум убиства кои го тресеа скопското подземје во изминатиот период. Станува збор за убиства од 2014 до оваа година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа