Герасимовски: Центар е прва општина што обезбеди нега на стари лица во домашни услови
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, денеска се сретна со возрасните центарци од пензионерскиот клуб „Гоце Делчев“ кадешто разговараа за нивните секојдневни предизвици, потреби и идеи за подобрување на условите за пензионерите во општината.
Герасимовски, информираше дека за неговиот четиригодишен мандат ги исполнил ветувањата и барањата на пензионерите.
„Во првата година од мандатот, отворивме три нови пензионески клуба и заеднички со пензионерите почнавме да имплементираме нови проекти и да организираме активности. Ние сме првата општина што обезбедивме нега на стари лица во домашни услови, а со новата услуга „Итно копче“ на пензионерите им обезбедуваме помош во итни ситуации, во домашни услови. Во изминатите три години, повеќе од 3.500 пензионери добија еднократна парична помош, а вкупно беа доделени над 10 милиони денари, со што значително се подобри нивниот квалитет на живот. Нашите пензионери се важен дел од заедницата, и затоа е клучно да ги слушнеме нивните предлози и идеи. Продолжуваме да работиме на проекти што ќе им овозможат поголема социјална вклученост, подобри услови во пензионерските клубови и поквалитетен секојдневен живот. Животот е убав во секоја доба“, изјави Герасимовски.
Општина Центар останува посветена на поддршката на своите највозрасни сограѓани, со цел да обезбеди активна и сигурна старост за сите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа