Филипче: Реформската агенда е закопана во место и ништо не се помрднува

 

Реформската агенда е закопана во место и ништо не се помрднува, истакна претседателот на СДСМ и претседавач на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието на Република Северна Македонија, Венко Филипче, на денешната седница на советот. Филипче во обраќањето порача и дека голем дел од законите од реформската агенда кои се врзани со рок до јуни 2025 година не се влезени се уште во собраниска процедура.

„До јуни 2025 година треба да се донесат околу 20-тина а закони, а ниту еден од нив не е влезен во собраниска процедура. Тоа се закони најмногу во правосудтсвото, во делот на енергетиката, дигитализацијата и еден закон во областа на културата. Ние може да очекуваме поддршка и треба да очекуваме поддршка и таа поддршка ја добиваме од земјите кои се наши партнери, меѓутоа на крај од денот, најмногу останува на нас што ние тука ќе сработиме дома за да го унапредиме нашиот систем“, рече Филипче.

10.03.2025 - 22:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега