ЕВН најави исклучувања за утре - Проверете дали ќе останете без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 28.03.2025 година (петок) без електрична енергија ќе останат неколку населби во Скопје.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од село Горно Нерези и Горни Крушопек. (општина Карпош и општина Сарај) ќе бидат без струја.
Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. Призренска бр. 1, 2, 3, 6, 8, 9, 18, 22 и 53. (општина Бутел) ќе останат без електрична енергија.
27.03.2025 - 08:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа