Драма: Држеле мигранти во подрум во Студеничани - реагирале Тигрите

 

Вистинска драма се случи попладнево во скопско Студеничани. По апел од мигранти кои преку електронска порака на маил побарале помош од ОЈО бидејќи биле држани во подрумски простории од страна на криминална група со закани со оружје. Од полицијата веднаш е реагирано и испратени се екипи од ЕИП при СВР Скопје и САЕ Тигар од ОСПО.

Направен е преглед на двата посочени објекти и при преглед на вториот објект во подрумот на куќата се пронајдени 6 мигранти, а се приведени седум македонски државјани кои во моментот биле во објектот, за кои дополнително ќе се врши проверка за нивната инволвираност во криминалните активности. Од страна на службите се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

24.03.2025 - 20:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега