Детали за несреќата на Партизанска: Удрил во двајца малолетници - полицијата го приведе
26-годишник е приведен откако претходно на булеварот „Партизански одреди“ удрил во двајца малолетници.
Денеска (24.03.2025) полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Р.(26) од Скопје затоа што околу 13.50 часот на бул. “Партизански одреди” во Скопје со патничко возило “ауди” со скопски регистерски ознаки, удрил во малолетен пешак и малолетник кој туркал велосипед. Двајцата малолетници со Итна медицинска помош се пренесени во клинички центар “Мајка Тереза” во Скопје за укажување лекарска помош. Извршен е увид од СВР Скопје и надлежен обвинител. По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка, велат од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа