Де Кро: Русија може да ја издржи војната во Украина уште една година
Белгискиот премиер Александар де Кро изјави денеска на панел на Светскиот економски форум во Давос дека Русија може да ја издржи војната против Украина најмалку уште една година.
Де Кро додаде дека е клучно 16-тиот пакет санкции против Русија да ги вклучи секторите за гас, енергија и ѓубрива, објави Ројтерс.
„Нашата анализа покажува дека руската економија може да ја издржи војната уште една година“, рече Де Кро.
23.01.2025 - 11:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа