33-годишен осуденик пронајден починат во затворот Идризово
Синоќа во 22.55 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во установата бил пронајден починат осуденикот З.М.(33) од Куманово.
Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
19.03.2025 - 14:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа