Закерберг: Десетици милиони луѓе се враќаат на „Тредс“ дневно

 

 

Извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг тврди дека десетици милиони луѓе се враќаат на „Тредс“ на дневна основа.

Закерберг нагласи дека фокусот на тимот на новата платформа до крајот на годината е подобрување на основата и задржувањето на корисниците.

Новитетот на „Мета“, „Тредс“ имаше исклучително силен почеток. Апликацијата слична на „Твитер“ постигна извонреден успех, надминувајќи ја бројката од 100 милиони регистрирани корисници за само пет дена од своето деби.

Сепак, аналитички извештаи сугерираа дека апликацијата веќе почнала да бележи пад на дневни активни корисници. Извршниот директор  го изрази својот оптимизам за растечката заедница на апликацијата, истакнувајќи дека десетици милиони луѓе секојдневно се враќаат на „Тредс“, надминувајќи ги очекувањата на компанијата.

Закерберг сподели изјава на новата платформа: „Многу сум оптимист за тоа како заедницата ‘Тредс’ се здружува. Раниот раст беше вон граници, но уште поважно, десетици милиони луѓе сега се враќаат дневно. Фокусот до крајот на годината е подобрување на основата и задржувањето на корисниците.“

„Ќе биде потребно време да се стабилизира, но штом ќе го направиме тоа, ќе се фокусираме на растење на заедницата. Убеден сум дека ‘Тредс’ е на вистинскиот пат“.

20.07.2023 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега