Вучиќ: Ви гарантирам со живот - експертска влада нема да има

 

Нема да има ниту преодна, ниту експертска влада, ви гарантирам со мојот живот дека ќе има српска влада, изјави вечерва српскиот претседател Александар Вучиќ, кој на митингот во Трстеник истакна дека се што се случува во Србија е директен обид на странски разузнавачки агенции за соборување на земјата.

Избори се можни, референдуми се можни, демократија е можна, сè, но нема да има влада на слуги сервилни на никој друг. Нема да го гледате тој филм додека сум жив и претседател на оваа држава, рече Вучиќ, додавајќи дека идејата за експертска влада му ја презентирал „значаен странец“, кој го посетил по оставката на премиерот Милош Вучевиќ.

Вучиќ изјави дека планот на владата е да разговара со сите, вклучително и со оние кои мислат поинаку од неа и дека како претседател, откако ќе биде констатирана оставката на премиерот Милош Вучевиќ, ќе ги повика сите парламентарни партии на разговор, иако знае во однапред дека нема да дојдат.

Студентите протестираат со месеци и не учат, нема да разговараат со нас, ниту со обвинители, но ние сакаме и секогаш ќе ги каниме, рече Вучиќ, повторувајќи дека државата им ги исполнила сите барања, а вчера им ги исплатила стипендиите и ратите на студентски кредити.

Вучиќ ги повика и универзитетските професори „да не ги закопуваат главите во песок“, туку да разговараат со својата држава, бидејќи немаат резервна.

01.02.2025 - 10:57

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега