Винисиус низ солзи: Сакам да играм фудбал, расизмот е насекаде

 

Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус веќе подолго време е мета на расисти и вербални напади поради неговата боја на кожа.

На прес-конференција Винисиус, за жал, повеќе одговараше на прашања за расизам отколку за фудбал, а во еден момент емоциите го совладаа.

-Многу е тажно што тоа се случува секој ден, секој натпревар. Ме прави тажен што морам постојано да се жалам. Сепак, така ни е на сите нас „црните“ на светот. Ова не е проблем само во Шпанија, туку и во целиот свет. Се борам да не се случува вакво нешто во иднина, изјави популарниот Вини.

Фудбалерот на Реал Мадрид откри дека размислувал за заминување од клубот од главниот град на Шпанија, но и од фудбалот.

-Често размислував за заминување. Но, ако заминам, ќе им го дадам на тие расисти тоа што го сакаат. Ќе продолжам да се борам, бидејќи ме поддржуваат соиграчите, претседателот и клубот. Сакам само да играм фудбал, да се фокусирам на тоа, заклучи брзоногиот напаѓач на Реал Мадрид.

25.03.2024 - 19:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега