ВИДЕО: Автобус удрил во луѓе кои чекале на автобуска постојка во Белград: меѓу нив и дете и бремена жена
Тешка сообраќајна несреќа се случи во Нов Белград во која се повредени 18 лица, меѓу кои едно дете и една трудница. Автобус на релација 601, кој се движел со голема брзина, удрил во луѓе кои чекале на автобуската постојка, а потоа удрил во друг автобус кој примал патниции, пренесуваат медиумите во соседството.
На местото на несреќата имало многу припадници на полицијата, пожарникари и брза помош. Според очевидци, сцените биле ужасни.
„Автобусот ги покоси сите на станицата. Меѓу повредените има и девојка која ја удрил автобусот, по што паднала под возилото. Беше заглавена, крвареше“ изјавил за „Блиц“ очевидец.
На местото на несреќата пристигнале десет пожарникари со две возила од пожарникарските и спасувачките единици на Нов Белград и Земун, а на повредените им помогнале екипи на итната помош. Едно лице кое било под автобусот било ослободено пред да пристигнат пожарникарите и е пренесено во болница.
Според написите на повредените им била укажана помош во неколку болници.
На местото на несреќата бил и обвинител кој наредил алкотестирање на возачот на автобусот.
Од МУП изјавиле дека првите извештаи за несреќата укажувале на сериозноста на ситуацијата.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа