Тројца крадци провалиле во куќа во Крива Паланка и украле 220.000 денари

 


СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.С.(28), С.А.(28) и Р.Б.(30), сите од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,тешка кражба’’.

Во период од 2023 година до 17.12.2024, пријавените со употреба на физичка сила и подесен алат влегле во куќа во Крива Паланка и одзеле пари и други предмети и се стекнале со противправна имотна корист од околу 220.000 денари.

01.04.2025 - 13:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега