Тошковски: Полицајците се освежија со 10% повисоки плати

 
Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10%.
Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано.
Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна - да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните.
Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува, напиша министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

01.04.2025 - 20:21

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега