ССМ: До крајот на годината работодавачите да исплатат К-15

 


Сојузот на синдикати на Македонија потсетува дека до крајот на годината на работниците треба да им се исплати регрес за годишен одмор што е регулирано со Општиот колективен договор за јавниот сектор и со Општиот колективен договор за приватниот сектор. 

- Како репрезентативен синдикат во јавниот сектор, минатата 2023 година го потпиша Општиот колективен договор за јавен сектор со кој по подолг временски период покрај другите права го обезбеди и правото на регрес за годишен одмор за сите вработени во јавниот сектор. Во таа смисла потсетуваме дека ова право треба да им се обезбеди на работниците до крајот на годината, за што всушност Владата на својата последна седница донела одлука дека целиот јавен сектор треба да исплати регрес за годишен одмор за вработените, а работодавачите потребно е да ја почитуваат во целост, информираат денеска од ССм.

Оттаму нагласуваат дека имплементацијата на Општите колективни договори за приватен и за јавен сектор потпишани од ССМ е задолжителна. 

13.12.2024 - 14:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега