Шолц возвраќа: Опасно да се негира легитимитетот на Зеленски
Германскиот канцелар, Олаф Шолц, реагира на изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп кој го нарече диктатор украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Шолц рече дека едноставно погрешно и опасно да се негира демократскиот легитимитет на претседателот Зеленски, пренесе германски Шпигел.
Трамп претходно напиша дека Зеленски, кого го нарече „скромно успешен комичар“, ја убедил Америка да потроши 350 милијарди долари за да влезе во војна што не може да се добие.
„Тој одбива да ги одржи изборите, тој котира многу ниско на украинските анкети и единственото нешто во што беше добар беше да го игра Бајден „како виолина“, додаде Трамп.
„Диктатор без избори, подобро е Зеленски да побрза или нема да има земја“, додаде Трамп.
На изборите вечерва се осврна и Илон Маск, кој пак, напиша: „Зеленски не може да тврди дека ја претставува волјата на народот на Украина ако не ја врати слободата на медиумите и не престане да ги укинува изборите“.
Зеленски се уште јавно не ја искоментира изјавата на Трамп, но се огласи на социјалните мрежи со пост во кој само кусо се заблагодари на поддршката, без да прецизира на што тоа се однесува.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа