САД загрижени за односот на талибанците кон жените

 

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изрази загриженост поради одлуката на авганистанските талибанци.

Талибанците им наредија на сите локални и странски невладини организации (НВО) да им забранат на жени да доаѓаат на работа.

„Длабоко сме загрижени дека забраната на талибанците жените да доставуваат хуманитарна помош во Авганистан ќе ја наруши виталната и спасувачка помош за милиони луѓе. Жените се критични за хуманитарните операции ширум светот. Оваа одлука може да биде погубна за авганистанскиот народ“, напиша Блинкен на Твитер.

Министерот за економија Абдулрахман Хабиб во саботата објави дека на жените вработени во невладиниот сектор им е забрането да работат до понатамошно известување бидејќи некои не се придржувале до толкувањето на талибанците за исламскиот кодекс на облекување.

25.12.2022 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега