РКЕ донесе одлука: Бензинот поскапува
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,63 % во однос на одлуката од 7.02.2025 година.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит.
Малопродажните цени на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,542 ден/кг и сега ќе изнесува 48,011 ден/кг
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа