Пукање во Србија за Бадниковата вечер: Еден убиен, има ранети

 

Во населбата Стрелиште во српскиот град Јагодина вчера вечер имало пукање. Според првите информации, во кафана дошло до тепачка помеѓу неколку лица, по што дошло до пукање во кое неколку лица се повредени.

Засега не се знае кој учествувал во пресметката, а напаѓачот е во бегство, пишува Телеграф. Според изјавите на граѓаните, на местото на настанот има неколку возила на брза помош.

Како што дознава Блиц во Итната помош во Јагодина, ранет е сопственикот на кафулето Д.М. (56), а во престрелката се ранети млад човек и девојка. Еден од гостите бил ранет во нозете, а другиот во стомакот. Ранетиот сопственик на кафулето од тежината на повредите починал во болница.

Идентитетот на напаѓачот и е познат на полицијата. Според локални извори, напаѓачот бил познат како проблематично лице.

Блиц јавува дека пукањето е кулминација на конфликтот што започна пред една недела. Како што пишуваат, минатата недела во истото кафуле настанала тепачка, а со тој конфликт е поврзано и вчерашното пукање.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by CentralMedia portal (@centralmedia.rs)

07.01.2025 - 10:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега