Пријателите се простуваат од Иле - "Спаси толку млади животи"

 

Иле Гоцевски од Кочани кој со години бил возач на Итната помош во Кочани, почина откако цел ден превезувал жртви на пожарот во дискотеката Пулс, во кој загинаа 59 лица.

Неофицијално, тој се вратил дома да се одмори, но за жал не се разбудил.

Неговите пријатели се простуваат од него на социјалните мрежи.

- Иле што да се пише за тебе? Се е малку, премалку... Човек планина! Човек со душа, даде се од себе вчера да спаси млади и неини човечки души. На крај не напушти и ти. Почивај во мир, стои во една објава од пријател.

- Нашиот Иле не напушти прерано. Другар кој несебично се даваше. Не знаеше да каже не. За него немаше невозможно. Ќе биде другар. Што и да напишам е малку. Царство небесно ангелу наш...стои во друга објава.

- Другар Иле зошто замина прерано? Беше пријател, другар, сограѓанн, секогаш насмеам и подготвен да помагаш. Почивај во мир, стои во објава од пријател. 

-А бре Илија, Илија, па нели ќе седевме на викендицата? Нели, нели, нели...? Вчера викаш арен сум...ќе се издржe! Човек што не се жале, човек што помага на сите, пред се - човек. ,,Живеј бе брат" - цело време ти беше на врв на јазик. Еснаф- за денешно време е мисловна именка за многу. Ќе се видеме горе другарче, напиша пријател.

18.03.2025 - 08:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега