Пожар во Психијатриската болница Бардовци
Вчера во 09.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.30 часот во Психијатриска болница-Бардовци настанал пожар во една од собите на установата.
Од Територијалната противпожарна единица Скопје пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема.
За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
26.12.2024 - 16:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа