Пиштоли и куршуми пронајдени во викендица во Кичево
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против С.П.И.(51) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 став 3 од Кривичниот законик.
При претрес во неговата викенд куќа во кичевската населба Кнежино, полициски службеници пронајдоа и одзедоа еден пиштол „Застава“, еден гасен пиштол „Екол“ со рамка и додаток за испалување, рамка за пиштол со три куршуми, два маневарски куршуми и четири сигнални куршуми, кои, неовластено ги поседувал.
Тој, веднаш беше лишен од слобода.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа