Петрушевски: Институциите да го повикаат на распит Јон Фрчкоски, Филипче се обидува да го сокрие скандалот

 

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност за случајот со Јон Фрчкоски кој по обвинувањата за конзумирање кокаин си поднесе оставка од функцијата директор на Центарот за истражувања и анализи на СДСМ.

Пратеникот Бране Петрушевски на прес-конференција праша дали првиот човек на СДСМ, Венко Филипче го осудува конзумирањето дрога.

-Фрапирачки е како Венко Филипче како лекар, хирург, молчи за конзумирањето дрога на Јон Фрчкоски, лице кое тој го постави за партиски функционер. Дали Венко Филипче како лекар, но и како претседател на СДС го осудува конзумирањето на дрога од страна на Јон Фрчкоски? Има јавно признание како нивен партиски функционер конзумирал дрога на работно место. Зошто Венко Филипче молчи и се крие, обидувајќи се да го сокрие овој мега нарко скандал?, прашува Петрушевски.

Побара да реагираат и истражните органи и Фрчкоски да биде повикан на распит. 

-Дали Јон Фрчкоски конзумирал дрога кога водел институција како помошник директор во ПУИГ, или е сега кога водел орган во СДС? Доколку Јон Фрчкоски конзумирал дрога додека бил помошник директор на ПУИГ, дали и како тоа влијаело на неговите одлуки како директор? Институциите треба да го проверат работењето на Јон Фрчкоски како помошник директор, и дали тој додека бил во состојба под психотропни супстанци ја оштетил институцијата?, вели Петрушевски.

 

28.03.2025 - 13:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега