Новогодишната кошница ќе биде позната утре
Утре во свечената сала на Владата, ќе се одржи состанок помеѓу претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски и претставниците на стопанските комори во однос на промоција на новогодишната потрошувачка кошничка која се состои од листа на прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни пијалаци предложени од страна на производителите и трговците кои за време на новогодишните празници ќе бидат понудени на потрошувачите по ниски цени.
По состанокот, Мицкоски на прес-конференција ќе ги соопшти новите цени.
04.12.2024 - 20:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа