Нова жртва на масакрот во Цетиње – почина еден од четворицата тешко ранети

 

Дејан Кокотовиќ (40) – еден од четворицата тешко ранети во трагедијата во Цетиње, почина во Клиничкиот центар во Црна Гора. Кокотовиќ бил ранет во стомакот, градниот кош и главата во нападот, поради што истата вечер бил опериран во Клиничкиот центар.

На 1 јануари, по крвавиот масакр во Цетиње во кој Ацо Мартиновиќ уби 12 лица, меѓу кои и две деца, Кокотовиќ беше примен во Клиничкиот центар каде лекарите се бореа за неговиот живот.

Дванаесет лица загинаа, а четворица беа тешко ранети во страшниот масакр што се случи, кога од се уште целосно неразјаснети причини, а по расправија со еден од гостите во кафаната „Велстово“, Ацо Мартиновиќ уби соседи, пријатели и познаници, вклучително и две деца.

Во страшна крвопролевање настрадале две деца од Цетиње, Јован (14) и неговиот помал брат Вукан Вулетиќ (9).

09.01.2025 - 16:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега