МВР: Се приведуваат сите поврзани со организацијата на настанот во Кочани
Министерството за внатрешни работи ги приведува сите кои на каков било начин се поврзани со организацијата на концертот во дискотеката во Кочани во која ноќеска настанал голем пожар и има жртви. Министерството за внатрешни работи (МВР) активно работи на утврдување на причините за трагедијата, додека во тек е испрашување на сведоци и одговорни лица.
Надлежните служби работат на утврдување на причините за катастрофата. „Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен.
Бројот на жртви и повредени се утврдува. Се преземаат дејствија и се врши увид. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување“, велат од Обвинителство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа