Претседателката слета во Азербејџан

 

Од вечерва престојувам во официјална посета на Република Азербејџан.
Благодарност за топлото добредојде во Баку.
На агендата утре е официјална средба со претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев во претседателската резиденција „Зугулба“.
Одлична можност за потврда на блиските и пријателски односи со Азербејџан и на нашата посветеност за нивен натамошен развој.
Драго ми е што 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи се крунисува со реализација на прва официјална посета на македонски претседател на Азербејџан, напиша претседателката на ФБ.
 
 
10.03.2025 - 23:46

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега