(ВИДЕО) Русија тврди дека зазела три села во Курск, ситуацијата за Украина се влошува
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските војници ги презеле од украинските сили селата Викторовка, Николаевка и Стараја Сорочина во западниот руски регион Курск.
Руската војска се бори за дислоцирање на украинските сили од Курск од август минатата година, кога украинските сили започнаа молскавична акција преку границата и зазедоа дел од руската територија.
Мапите со отворен код покажаа оваа недела дека позициите на украинските сили нагло се влошија во Курск бидејќи војниците се речиси опколени од руските сили.
Украинските сили извршија ненадеен упад во овој регион во август минатата година, заземајќи дел од територијата.
Сега Русите го искористија пробивањето на украинските одбранбени линии во близина на градот Суџа, кој е под контрола на Киев.
Една од украинските единици, наводно, ги напуштила своите позиции, што му овозможило на непријателот да ги зајакне своите трупи и систематски да започне офанзивни операции.
Украинските војници сега се обидуваат да ја стабилизираат ситуацијата, но руските војници целосно ги прекинаа линиите за снабдување.
Прорускиот воен блогер „Ту мајорс“ денеска на „Телеграм“ објави дека руските трупи извршиле напад врз Суџа, град на околу 9,5 километри од границата и дека ситуацијата за украинските војници во Курск е речиси критична.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази загриженост за актуелната ситуација, нагласувајќи ја потребата од зајакнување на воздушната одбрана и зголемување на санкциите против Русија за да се заштитат животите и да се обезбеди безбедноста на земјата.
На социјалните мрежи се појавија снимки од наводно убиени украински војници во областа Курск.
Rus ordusunun geniş çaplı #Kursk saldırısı devam ediyor. Ukrayna ordusunda büyük kayıplar var.#Ukraine️ #UkraineRussiaWar pic.twitter.com/CPBKaklxuH
— товарищ (@tavarisru) March 8, 2025
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа