Серија апсења во Македонија, приведени 12 лица
Полицијата во текот на вчерашниот и денешниот ден апсеше на повеќе локации во државава.
Полициски службеници од СВР Скопје утрово во 03.40 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, го лишиле од слобода М.Б.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Полициски службеници од СВР Скопје утрово во 02.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, го лишиле од слобода Б.Д.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, го лишиле од слобода М.С.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Полициски службеници од СВР Штип утрово во 02.50 часот пред трговски центар во Штип го привеле Н.Ј.(21) од Република Турција, со привремен престој во Штип, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Полициски службеници од СВР Битола синоќа во 00.50 часот, на улицата „Цар Самоил“ во Битола ги лишиле од слобода Б.М.(31) и Х.П.(30) двајцата од Битола бидејќи при преглед кај истите била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против истите ќе следува соодветна пријава.
Полициски службеници од СВР Битола синоќа во 01.45 часот, на улицата „Партизанска“ во Битола го лишиле од слобода Б.Џ.(34) бидејќи при преглед кај него била пронајдена грутчеста материја. По документурање на настанот ќе следува соодветна пријава.
Полициски службеници од СВР Битола вчера во 23.30 часот, на улицата „Јордан Пиперката“ во Битола ги лишиле од слобода Д.М.(34) и Н.И.(29)двајцата од Битола бидејќи при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против истите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во 17.20 часот, на пресекот на улиците „Кленоец“ и „Железничка“ во Охрид, лишен од слобода е М.Ј.(30) од Охрид. Тој, при контрола на неговиот патнички автомобил „Рено“ со охридски регистарски ознаки, проголтал опаковка со бела прашкаста материја по што е пренесен во Општата болница во Охрид. По преземени неопходни медицински мерки, опаковката е обезбедена по што ќе следи вештачење. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид синоќа во 00.30 часот од слобода го лишија Т.К.(56) од Охрид. При претрес во простории на улицата „Железничка“ што тој привремено ги користел, полициските службеници пронајдоа и одзедоа стаклен предмет со девет опаковки со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 16.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, привеле малолетник од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен боксирач. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа