Познат идентитетот на загинатите во вчерашната сообраќајка на патот Штип – Кочани
Вчера во 13:15 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на експресниот пат Штип – Кочани, на надвозникот кај село Тркање, кочанско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо 3008“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(64) од Кочани и патничко возило „Фолксваген Ап“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(58) од Скопје, сопственост на правен субјект од Скопје.
Во несреќата на лице место починале возачите на двете возила, што било констатирано од страна на ИМП Кочани, а возилото „Фолксваген ап“ било целосно опожарено.
Извршен бил увид а по наредба на надлежен ЈО телата на починатите биле предадени на обдукција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа