Авион од Бања Лука се урна во Австрија

 

Мал авион, кој денеска полетал од аеродромот во Бања Лука кон Зел ам Зе, Австрија, се урна недалеку од аеродромот во целната дестинација. Во несреќата загина пилотот, кој бил единствениот во леталото.

 

Според австриските медиуми, последниот контакт со авионот бил остварен во 55. минута од летот, над Халег во Корушка. Според планот, авионот требало да слета во 12:48 часот, но на самиот приод кон аеродромот во Зел ам Зе се случила несреќата.

Командантот на противпожарната бригада, Клаус Портенкирхнер, изјави дека авионот завршил на блиската ливада без да избие пожар. Причините за падот сè уште не се познати, а според него, временските услови и видливоста биле идеални.

Сите спасувачки екипи се на терен, а истрагата за точните околности на несреќата е во тек. Засега не се објавени податоци за националноста и возраста на пилотот.

04.03.2025 - 23:45

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега