Почит кон трагично загинатата Фросина: Апел до угостителските објекти во Неготино викендов да се воздржат од музика
Преку фејсбук група се апелира до сите угостителски објекти во Неготино, викендов да се воздржат од музика во чест на 22 – годишната Фросина Кулакова која беше усмртена на улицата „Партизанска“ во Скопје.
„Апел до сите угостителси објекти во Неготино!
Ги замолуваме менаџерите и сопствениците на кафулиња, ресторани, и кафани овој викенд да се воздржат од ангажирање на бендови и гласна музика во знак на почит ко нашата Фросина.
-да покажеме солидарност
-да испратиме јасна порака - доста е со сообраќајнотот насилство
-да не дозволиме ова да се повтори“, стои во апелот.
05.02.2025 - 13:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа