Не заборавајте чадор: УХМР најавува дожд, за утре снег

 


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен слаб локален дожд. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно, во делови од котлината магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Времето во наредните денови

Во вторник ќе се задржи променливо облачно време со локални слаби врнежи, кои поради продор на постудена воздушна маса ќе бидат претежно од снег. До среда ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во среда и четврток ќе преовладува стабилно време, а во петок и во деновите од викендот на повеќе места се очекуваат врнежи од дожд и снег. Температурите ќе бидат во опаѓање.

03.02.2025 - 08:55

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега