Подгответе се: Утре повеќе скопски општини без струја и вода

 

Без електрична енергија во среда, 22 јануари, ќе бидат корисниците од дел од општините Шуто Оризари, Бутел, Сопиште, Чаир, Ѓорче Петров, а без вода ќе бидат корисниците од дел од Општина Центар.

Како што соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, во период од 09:00 до 12:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улицата 2, делот кај отпадите меѓу Визбегово и Шуто Оризари.

Во период од 10:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улица „Бутелска“ 13 и улица „Бутелска-крак Серава“, а во период од 09:00 до 14:00 часот дел од корисниците од Горно Соње – улица 8.

Во период од 08:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Никола Малешевски“, сите четири влезови веднаш до ТС и до Пензионерски, улицата „Ферид Мурати“ бриој 4 (пензионерски дом Чаир) и средно училиште „Цветан Димов“, а во период од 09:00 до 15:00 часот дел од корисниците во Волково и Стопански двор.

Во период од 08:30 до 09:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Архепископ Доситеј“ зграда број 2.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека поради дефект на П.П. Хидрант од ф -80“ на улицата „Максим Горски“ (кај Мепсо), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на потегот од плоштадот до Македонска пошта и дел од „Орце Николов“.

21.01.2025 - 21:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега