ВИДЕО: Заглавени граѓани на патот кон Патишка река
Снегот што паѓа последните денови го отежна движењето во сообраќајот на многу патишта.
Утрово, а особено вечерва непрооден е патот кон падините на Водно особено кон населеното место Патишка река.
Граѓани за 24инфо велат дека со часови се заглавени во своите автомобили.
Додаваат и дека од општина Сопиште патот се чисти но поради обилните врнежи истиот брзо се затрупува.
25.12.2024 - 18:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа