Гаши по повод католички Божиќ: Упатувам желби и надеж за јакнењето на верската толеранција, соживотот и заедништвото во нашето општество
Во духот на најголемиот христијански празник, Божиќ, ми претставува особена чест и задоволство да Ви упатам срдечни честитки, како и најискрени желби за здравје, среќа и благосостојба, истакна Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши во својата божиќна честитка.
„Божиќ е празник на мирот, љубовта и надежта, кој ги обединува луѓето во споделување на хуманите вредности во духот на меѓусебна почит и разбирање. Нека овие празнични денови донесат радост и спокој во срцата на сите католички верници во нашата држава.
Во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, упатувам желби и надеж за јакнењето на верската толеранција, соживотот и заедништвото во нашето општество.
Нека светлината на Божиќ го осветли патот на сите граѓани кон поубава иднина исполнета со разбирање, љубов и заеднички успех.
Среќен Божиќ!“, стои во честитката.
Африм Гаши
Претседател на Собранието на Република Северна Македонија
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа