МВР доби нови возила - полицијата ќе вози „шкода“

 

Министерството за внатрешни работи доби нови возила кои ќе ги користи македонската полиција.

Министерот Панче Тошковски вели дека возилата ќе ги користат организациските единици на МВР и на Бирото за јавно безбедност.

-Денеска во кругот на министерството за внатрешни работи официјално ги ставивме во функција дел од моторните возила набавени за потребите на организациските единици на МВР и БЈБ, а во насока на нашата посветеност да градиме вистински опремена, модерна и европска полиција која ќе има капацитет за борба со сите видови криминал и заштита на безбедноста на сите граѓани на Македонија. Се работи за автомобили од производителот Шкода набавени од страна на министерството на јавна набавка, во насока на обновување на возниот парк на министерството кој е во незавидна состојба и кој планираме во следната година да го реобновиме во најголем дел. Македонската полиција ќе биде гордост и носител на безбедноста на македонските граѓаните и се стремиме кон остварување на оваа цел. Продолжуваме во следната година со навистина амбициозни цели на градење нови полициски станици, нови униформи за најголем број полициски единици и модернизација во секој сегмент на работењето на полицијата, вели Тошковски.

24.12.2024 - 16:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега