Николоски: Груби нема да каде да бега

 

„Прашање на недели е кога Артан Груби ќе го видиме вратен на некој од граничните премини или на аеродром вратен преку Интерпол покажување дека нема каде да бега. Казните ќе бидат максимални“, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт и врски, Александар Николоски кој вечерва е гостин во „Тема на денот“ на Сител ТВ.

Николоски убедува дека Груби ќе биде вратен назад и ќе има максимална казна.

Прашање на недели е кога Артан Груби ќе го видиме вратен на некој од граничните премини или на аеродром вратен преку Интерпол покажување дека нема каде да бега. Казните ќе бидат максимални, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт и врски, Александар Николоски кој вечерва е гостин во „Тема на денот“ на Сител ТВ.

Николоски упати критики кон Венко Филипче како коалициски партнер на ДУИ.

Политички договор апсолутно дека нема. Наше најголемо предизборно беше дека ДУИ ќе оди во опозиција и еве веќе е во опозиција. Второ најголемо предизборно ветување ни беше дека ќе одговараат за криминалот и еве одговараат. Морален хазаард е кога СДСМ обвинува за ДУИ. Тие до последен ден беа со ДУИ, тие беа тие кои им дадоа премиер Албанец само за да бидат во влада, тие се тие кои пола влада и пола држава дадоа на ДУИ, тие се тие кои бланко гласаа на се во Собранието што ќе предложеше ДУИ и го амнестираа криминалот на ДУИ. И затоа се толку ниско колку што се. СДСМ ќе има морален кредибилитет да критикува кога ќе се извини за се она што го правеле. Венко Филипче кој беше министер во владата каде вицепремиер беше Артан Груби најмалку има право да критикува.

Николоски најави расчистување со криминалот и нарко подземјето.

19.12.2024 - 19:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега